Прво интервју на Богдана – најпознатата балканска снаа

Богдана Ражнатовиќ го даде своето прво интервју.

Во 13-тата епизода на „Цеца-шоу“, гледачите првпат ќе ги слушнат сите детали од животот на Богдана Ражнатовиќ.

Иако Богдана Ражнатовиќ никогаш не се експонира во јавноста, во новата, 13-та епизода на „Цеца-шоу“ открива се’ за бракот со Вељко, синот Жељко, за бременоста и за професионалната кошаркарска кариера.

Запознавањето со Вељко, како што вели Богдана, било многу интересно.

Запознавањето со Вељко беше уникатно од самиот почеток, што доведе до неверојатна поврзаност и на крајот до создавање на семејство што е голем благослов за нас. Се’ започна со тоа што го одбив, бидејќи знаев каков е. Тоа само разбуди поголема желба кај него за мене, а подоцна прерасна во голема љубов – вели Богдана.

Таа истакнува дека ништо не ја нервира кај Вељко и дека нивната љубов не стивнува.

Најмногу го сакам мојот сопруг и ништо не ми пречи. Вељко е внимателен, нежен и навистина сакам се’ кај него. Живеам многу убав и мирен живот, се исполнив како сопруга и мајка – вели Богдана Ражнатовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e