Протекоа заканувачки пораки од Северина кон директорката на училиштето на нејзиниот син

Пејачката Северина наводно испраќала заканувачки смс-пораки на Лилјана Клингер, директорка на Основното училиште каде оди нејзиниот син Александар, тврдат хрватските медиуми.

Имено, како што пишуваат медиумите, директорката се обратила во Министерството за Внатрешни работи преку имејл-порака наведувајќи дека полицијата не превземала ништо по нејзините пријави.
– Сериозно се плашам за својата сигурност, ве молам да ми помогнете, па наместо опомена за госпоѓата, да мора да испраќате телеграма за сочуство – се пожалила директорката.
Хрватскиот магазин објавил наводно заканувачки пораки кои Северина ги испраќала на директорката.

„Би те задавила со раце, бабо“, „Стара гадна бабо“ , „Ќе седиш и ќе се трепериш, како што треперев јас кога ми го малтретираше детето“ – ова се само дел од пораките кои Северина ги праќала на Лилјана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e