Пријовиќ на Нова година ќе пее за 80.000, Аца Лукас за 70.000 евра

Очекувано најголемите музички ѕвезди ги покачиле цените за новогодишните настапи со оглед на тоа дека се поскапе. Некои од нив скромно ги приспособија хонорарите, но повеќето драстично ги покачиле цените.
Прва на листата која ќе земе најмногу пари за новогодишната ноќ во однос на минатата година е Александра Пријовиќ.

Како што дознаваат српските медиуми, нејзиниот хонорар ќе изнесувал 80.000 евра, а за дочекот во 2022 година земала речиси двојно помалку – 45.000 евра. Пејачката се уште е во преговори со хотел во главниот град, како и со ресторани од Бања Лука.

И Мирослав Илиќ ја покачи цената на својот хонорар, повеќе од двојно. Тој за ланскиот дочек пеел за 20.000 евра, додека годинава публиката во Бугарија ќе ја забавува за дури 50.000 евра.
По големата светска турнеја, Саша Матиќ реши да ја дочека 2023 година со публиката во Виена. Минатата Нова година пеел во Белград за 50.000 евра, а сега во странство ќе заработи 10.000 повеќе, односно 60.000 евра.

Ацо Пејовиќ за Новата година ќе пее во Белград, а хонорарот за тој настап ќе изнесува 70.000 евра.

По многубројните концерти, Аца Лукас ќе настапи за дочекот на 2023 година во Белград, за хонорарот од 70.000 евра.
Високи хонорари годинава ќе добијат и Андријана Чекиќ и Дарко Лазиќ кои за новогодишната ноќ ќе настапат во Белград. Ќе добијат по 40.000 евра.

Се чини дека Весна Змијанац, која Новата година ќе ја дочека со белградската публика, е најскромна меѓу забавувачите. За својот настап таа ќе земе 25.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e