Претставникот на Србија на Евровизија боледува од сериозно нарушување

Српскиот претставник на Евровизија годинава се отвори за својот приватен живот, односно за здравствениот проблем со кој се бори.

Лука Ивановиќ, попознат како Лука Блек, откри дека боледува од нарушување на личноста, односно дека му е дијагностициран Ф23.8.

Пред пет години одлучив дека повеќе не сакам да се занимавам со музика. Бев разочаран од публиката во Србија, не ме прифатија. Се сеќавам дека една вечер седев со моите пријатели, свиревме на пијано и направив албум инспириран од Дејвид Боуви, Битлси и Елтон Џон. Тогаш снимив 30 песни. Тоа беше еден од оние моменти кога правиш нешто, но не си свесен за тоа. Имам ментално растројство поради кое понекогаш имам слаба свесност за реалноста – рекол Лука, а открил какво е нарушувањето:
Мојата состојба официјално се вика F23.8, таа всушност нема посебно име, слична е на нарушувањето – ограничување на личноста. Му пуштив на татко ми некои од моите песни и ми рече дека морам веднаш да одам во Англија. Сонував да учам таму, но кога имав 18 години не можевме да си го дозволиме тоа, па на 27 одлучив да одам на факултет.

Како што рече Лука, тој губи осет со реалноста, а оваа состојба исто така значи дека личноста може да види или слуша работи што навистина не се таму и тоа варира. Додека нарушувањето ограничување на личноста се дефинира како губење на контрола над емоциите. Човекот може да биде импулсивен, односно може негативно да влијае на односите со другите луѓе.

Имав голема трема од јавните настапи во минатото. Имам мал демон во себе, кој поради некоја причина не ми дозволуваше да настапам, а сакав да го победам. Тоа беше голем предизвик за мене и психички и физички, но на крајот се пријавив и победив, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e