Претставничката на Украина се повлекува од Евровизија поради наводната илегална посета на Крим

Алина Паш, новоизбраната украинска претставничка за овогодишната Евровизија, се повлекла од натпреварот, по тврдењата дека незаконски патувала на Крим, кој е под контрола на Русија од 2014-та година.

Пош се соочила со надзор од националниот радиодифузер на Украина поради патувањето на кое наводно била пред седум години.

Русија ја презема контролата врз полуостровот во 2014-та година, а патувањето во областа – иако не се препорачува за Украинците – можело да се постигне само преку официјални контролни пунктови во Украина.

Паш доставила официјална документација со која докажува дека таа не влегла на Крим преку Русија, што е недозволено според украинскиот закон, а властите се обиделе да го проверат тоа со граничните службеници.

Паш на Инстаграм напиша: „Јас сум државјанин на Украина, ги следам законите на Украина, се обидувам да ги пренесам традициите и вредностите на Украина во светот“.

„Она во што се претвори оваа приказна воопшто не е она што го внесов во мојата песна“, додаде таа.

Таа вели дека е уметник, а не политичар и дека нема армија од портпароли, менаџери, адвокати за да спротистави на сите напади и притисоци.

„Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал“, рече таа.

Нејзиното повлекување доаѓа неколку дена откако Паш победи на националните избори со нејзината песна „Shadows of Forgotten Ancestors“, за која таа тврди дека зборува за историјата на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e