„Пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене“ – Тамара се огласи на Фејсбук по влезот во финале на Евровизија

Oткако ја направи цела Македонија горда и ѝ донесе пласман во финалето на Евровизија, Тамара се огласи на својот Фејсбук профил.
Таа вели дека овој огромен успех е резултат на тимска работа и им се заблагодари на сите за поддршката.

Статусот на Тамара по пласманот:
Дечки, Супер сме сите, пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене. „Proud“ е песна за сите нас. Ова е резултат на тимската работа. Да се гордееме со себе и со луѓето околу нас. Фала ви на поддршката. Ве сакам. Ќе ве направам горди и во сабота!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e