Хит серијата „Преспав“ ја најави својата шеста сезона, а публиката со нетпрение ја очекува истата.
Од тимот на „Преспав“ објавија дека бараат двајца мали актери кои, како што велат, ќе добијат улоги на нов „Преспав ураганчиња“.
-Драги преспавци, имаме многу убави вести. Ги бараме Ѓоко и Боко, две палави момчиња на возраст од 6 до 9 години кои ќе добијат улоги во вашата омилена ТВ серија „Преспав“. Сите заинтересирани треба да ни пратат фотографии (профил, анфас и целосна) и кратко видео за запознавање (име, презиме, години, хоби, желби..) кое нема да биде подолго од една минута, телефонски број на родител и mail адреса за контакт на ✉ 𝐩𝐫𝐞𝐬𝐩𝐚𝐯𝐜𝐚𝐬𝐭𝐢𝐧𝐠@𝐠𝐦𝐚𝐢𝐥.𝐜𝐨𝐦 до 7 октомври 2021 година.
Ве покануваме да ја споделите веста со вашите мали пријателчиња и нивните родители и да ни помогнете да ги пронајдеме новите „Преспав ураганчиња“. – стои во нивната објава на Инстаграм.
Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ – Пројковска.