Познатиот модел почина на само 27 години

Моделот Џереми Рулман ненадејно почина на 27 години, а причината за смртта сè уште не е позната. Модниот дизајнер Кристијан Сириано на својот Инстаграм профил објави фотографија од Рулман за време на една од нивните соработки.

„Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој имаше и беше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот човек кој им даде толку многу љубов на сите што ги запозна без разлика на се“, напиша Сириано, а потоа додаде:

„Ја испраќам сета моја љубов до неговото семејство и пријателите кои изгубија некој толку посебен. Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го гушнам. Одмори се добро, сите те сакаме многу!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e