Поранешното момче на Богдана тајно ја гледало свадбата на деценијата

Поранешното момче на Богдана Ражнатовиќ од еден локал близу куќата на семејството Родиќ следело како таа во венчаница излегува од домот и се мажи за својата љубов.

Наводно, тој се вика Урош и бил во долга врска со Богдана и никогаш не ја преболел. Новинарска екипа на еден српски медиум успеала да земе изјава од него.

„Нека ѝ е со среќа. Ние бевме вљубени кога бевме деца. Не ме фотографирајте, да не ме дофати Вељко со таа пушка“, се пошегувал тој.

Младите не дознале за ова, но Цеца и Анастасија биле информирани. Цеца мислела дека поранешното момче на Богдана е љубоморно, па изјавила: „Кој губи, нека се лути.“

Анастасија одлучила да не обрнува внимание на настанот, туку да ужива во свадбата на својот брат со девојката со која таа го запознала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e