Судот донесе одлука дека поранешниот маж на Наташа Беквалац – Лука Лазукиќ, ќе може да ја гледа нивната ќерка Катја, еднаш неделно во времетраење од половина час во контролирани услови.
Имено, против Лука беше покрената тужба за извршено физичко насилство врз поп ѕвездата Наташа Беквалац, а тој деновиве прв пат после 3 месеци го виде своето дете во центарот за социјални работи.
Наташа, соработуваше со оваа одлука и ја донесе својата ќерка за да го види татко си, но таа не се сретна со него.
Како што дознавме, Лазукиќ изминатите 3 месеци не учествувал финансиски во одледувањето на своето дете. Исто така, тој во овој период, не се обидел да ја исконтактира Беквалац, ниту пак членови од потесното семејство за да се распраша за малолетната Катја.