Директорот на „Гранд продукција“ дефинитивно е запознаен со клетвата – Да даде Господ да имаш, па да немаш.
Во деведесеттите години на минатиот век, по распаѓањето на групата „Слатки грех“, Поповиќ мислел дека е добро да ги вложи последните 170 000 марки во банката на Дафина Милановиќ. Во денешно време тоа делува неразумно, но голем број луѓе се полакомиле поради високите камати. Банката пропаднала, а Саша во еден ден практично останал без се што имал.
Богатството го сменија новите околности. Поповиќ морал да живее како потстанар во 17 квадрати, без автомобил, иако неколку години порани имал четири автомобили.
-Во џебот нема скршена пара. Но во целиот тој период останал ментално силен и здрав. Во периодот на неволја на пријателот му помогнала Лепа Брена. Затоа и не за чудење фактот што Поповиќ за било какви пари нема да ја изневери Лепа Брена, ниту пак таа него. Тие не се само кумови и најблиски соработници, туку и најверни пријатели“, раскажал за медиумите близок роднина на Поповиќ.
Кога денешниот директор на „Гранд продукција“ падна на дното, Брена и Боба му пријдоа на помош. Му дадоа пари и му купија куќа во белградската населба Бежаниска коса во која и ден денес живее. Поповиќ подоцна им вратил се на пријателите, но тој гест никогаш не им го заборавил.