Вилата на Крис Џенер, која се наоѓа во Лос Анџелес, со години беше снимана за потребите на шоуто “Keeping Up With the Kardashians”.
Но, како што почна да се празни гнездото, а ќерките да се иселуваат во свои сопствени луксузни вили, Крис реши да направи мала промена и да го редекорира просторот.
За таа потреба, таа го најми внатрешниот дизајнер Џеф Ендрус, а како изгледа сега вилата не е ни чудно што Ким и Канје решија да се преселат назад таму на кратко.