Почина двојничката на Ким Кардашијан, не ја издржа операцијата

Добро е познато колку станаа популарни естетските процедури и пластичната хирургија во последните неколку години.

Додека некои сакаат да „поправат“ работи што не ги сакаат, други сакаат да изгледаат како сосема друга личност. И на крајот тоа ги чини живот.

Ештен Емпајр беше девојка која сакаше да личи на Ким Кардашијан, а тоа и почна да го прави благодарение на пластичната хирургија, која на крајот лошо се заврши по неа.

Ештен, како што пренесува Дејли Мејл, починала од срцев удар што го доживеала по уште една пластична операција.

По нејзината ненадејна смрт, семејството на оваа девојка бара од сите кои ја познавале да донираат пари за нејзиниот погреб, бидејќи моментално немаат финансиски средства, пишува Дејли Мејл.

За таа цел, семејството отвори страница GoFundMe за собирање средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e