Памела Андерсон нема намера да ја гледа серијата која се снима за нејзиниот турбулентен брак

Откако во јавноста се појави информација дека се снима серија наречена „Pam & Tommy“, која зборува за бракот помеѓу Памела Андерсон и Томи Ли, актерката веднаш се огласила и го дала своето мислење за серијалот.

Имено, според пишувањата на странските медиуми, Андерсон наводно не е воодушевена од новата серија која го опишува бракот на актерката и музичарот во период кога нивната интимна снимка доспеа до јавноста. На Памела наводно не ѝ се допаѓаат улогите и ѝ се чини како сè да е една голема шега.

Инаку во споменатата серија, Памела ја глуми Лили Џејмс, а Томи – Себастијан Стен, кои според мислењето на обожавателите многу потсетуваат на поранешниот пар.

Не е познато кога ќе започне да се емитува серијата, а освен Лили Џејмс и Себастијан Стен, останатите улоги ги играат Сет Роген, Ник Оферман, Тејлор Шилинг, Ендрју Дајс Клеј и многу други.

За потсетување, Памела и Томи се венчаа во 1995 година, а се разведоа во 1998 година. Од овој брак имаат 2 сина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e