Синан Сакиќ кој ја загуби битката со животот, на почетокот на кариерата беше во групата Јужни ветер заедно со Миле Китиќ, Драгана Мирковиќ, Индира Радиќ, Шемса Сулјаковиќ и Јашар Ахмедовски.
По распадот пејачите останаа блиски и беа како семејство, но еден момент многу го погоди Синан.
Имено, Драгана Мирковиќ и Миле Китиќ се скарале во 2009. година, а таа одбила да му биде гостин на концертот. Концертот кој поминанеславно беше причина и за неговата кавга потоа со Синан. По концертот Синан со сопругата дошол на забавата на Миле, но не го пуштиле внатре бидејќи немал специјална влезница.
Тоа го погодило пејачот кој се скара со Китиќ.
Сепак, Миле на социјалните мрежи со заедничка фотографија вчера му оддаде последна почит.