Македонската фолк-пејачка Андријана Костадиновска на една крштевка во Скопје доби бакшиш од 6.000 евра. Не е познато кое е лицето на видеото, но очигледно пејачката му ја „погоди“ омилената песна „Милионерче“.
Во изјава за Либертас, таа вели дека била шокирана, но дека веројатно им ја погодила песната на гостите, а како што може да се види на видеото подолу, банкнотите од по 500 евра ги добива на пената „Милинерче“. Таа вели дека со парите планира да си купи автомобил.
Погледнете го видеото: