„Spotify“ состави листа од најслушаните песни на нивната платформа ширум светот во 2022 година.
Многу песни на нивната листа на топ 50 песни не се ни објавени минатата година, а најинтересно е што на истата се најде и една песна од 1985 година.
Хари Стајлс прв на листата
Првото место го зазеде хитот на Хари Стајлс, „As It Was, објавен во април 2022 година. Овој сингл е прогласен и за најслушан во Велика Британија, а странските медиуми пишуваат дека песната помина 10 последователни недели на првото место на „Official UK Top 40“ листата и е стримувана 180 милиони пати.
На второто место се најде песна стара 2 години, „Heat Waves“ на групата „Glass Animals“ додека на третото место е песната „Stay“ на Џастин Бибер и Д Кид Ларој. Четвртото и петтото место му припаднаа на порториканскиот рапер Бед Бани со песните „Me Porto Bonito“ и „Titi Me Pregunto“, а се најде и на уште неколку места на листата.
Една песна од 1985 година се најде во топ 10
Големо изненадување на оваа листа е песната „Running Up That Hill“ на пејачката Кејт Буш. Песната е објавена во далечната 1985 година, а стигна на бројните музички топ-листи ширум светот благодарение на хит серијата „Stranger Things“. Песната стара 37 години влезе на топ-листата на „Billboard“, „Hot 100“ во јуни и беше прогласена за песна на летото во Велика Британија.
Ова се 10-те најслушани песни на „Spotify“ во 2022 година:
1. „As It Was“ – Хари Стајлс
2. „Heat Waves“ – „Glass Animals“
3. „Stay“ – Д Кид Ларој и Џастин Бибер
4. „Me Porto Bonito“ – Бед Бани и Ченчо Корлеоне
5. „Titi Me Pregunto“ – Бед Бани
6. „Cold Heart“ – Елтон Џон и Дуа Липа
7. „Enemy“ – „Imagine Dragons“ и „J.I.D.“
8. „Quevedo: Bzrp Music Sessions, vol. 52“ – Бизарап и Куеведо
9. „Ojitos Lindos“ – Бед Бани и Бомба Естерео
10. „Running Up That Hill“ – Кејт Буш