Откажан концертот на „Тропико бенд“, загинаа двајца членови од продукцијата

Концертот на групата „Тропико бенд“ е откажан поради тешка сообраќајна несреќа на патот Пожега – Ужице.

Двајца загинати, а три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот кога комбето во кое се наоѓале членови на бендот кои разнесувале опрема за концертот удрило во камион.

Загинаа две лица кои биле во комбето, а засега се знае дека е повредено и уште едно лице кое било во тоа возило.

Александар П. и Владе М, работници на фирма за монтирање на сценска опрема, загинаа во сообраќајна несреќа кога нивното комбе директно удрило во камион кој доаѓал од спротивната насока, а три лица се тешко повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e