Новиот филм на Џенифер Лопез руши рекорди: Најгледан на „Netflix“ во првиот викенд од прикажувањето

Новиот акциски филм на „Netflix“, „The Mother“, во кој главната улога ја толкува Џенифер Лопез, ги руши сите рекорди, а стана најгледано остварување на стриминг платформата во првиот викенд од прикажувањето.

Акцискиот трилер имал 83,71 милиони часа гледаност во текот на периодот од 8-ми до 14-ти мај и бил број 1 во 82 земји со речиси 43 милиони прегледи. „Netflix“ ги пресметува прегледите така што го дели вкупниот број на часови гледаност со вкупното времетраење, што е 1,96 часа.

Филмот беше премиерно прикажан на стриминг сервисот на 12-ти мај. Трилерот, кој следи вешт убиец кој се обидува да ја заштити својата ќерка, го режирала Ники Каро.

Исто така, „The Mother“ го зазеде првото место во категоријата англиски филмови на листата за оваа недела, а „A Man Called Otto“ и „The Croods“ се на второто и третото место.

Резултатот од филмот беше доволен да го „сруши“ и филмот „Murder Mystery 2“ во кој главните улоги ги толкуваат Џенифер Анистон и Адам Сендлер (го гледале 2,4 милиони домаќинства) и хитот на Рајан Џонсон во кој глуми Даниел Крег – „Glass Onion“ (го гледале 2,6 милиони домаќинства).

Интересно е што филмот стана најгледан уште во првиот ден од прикажувањето. Заедно со Лопез, во филмот глумат Луси Паез и Омари Хардвик, кои ја играат нејзината ќерка и агент на ФБИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e