Сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ во рамки на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ организира предавања ширум регионот на темата родителство.
По повод големото случување Јелена неодамна ја посетила хрватската престолнина и помеѓу останатото, открила кои се омилените активности на најмладите членови на семејството Ѓоковиќ.
„Навистина имам многу убави моменти со децата и највеќе сакам кога заедно читаме приказни. Мојот син највеќе сака да сложува „лего-коцки“ и да слуша музика, додека со татко му сака да игра тенис или заедно да гледаат натпревари, што на мама можеби и е најомилено – рекла Јелена за хрватски „Стори“.
„Со Тара сакам да танцувам, таа сака да се шминка, а јас не. Но, морам да ја почитувам нејзината слобода на изразување низ таков вид на уместност. Имав баш ситуација со сопругот зошто не и забранам да се шминка со аргументи дека е уште мала и дека ја учиме на погрешни работи – рекла таа, па додала:
„На тоа му кажав дека таа го сака тоа и дека ништо не можам да и забранам, туку само да и помогнам да го прави тоа подобро“.