Николина Пишек конечно проговори за неверството на покојниот сопруг

Смртта на Видоје Ристовиќ откри многубројни семејни тајни…

И по четири месеци од прераната смрт на историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, страстите во неговото семејство не стивнуваат. Вдовицата Николина Пишек добива удари од сите страни, а ретко зборува за медиумите за да го каже своето мислење.

По острите зборови и обвинувањата од страна на хрватската економистка, Борна Котроманиќ, дека Видоје ја изневерувал Николина, водителката го прекина молкот. Таа откри што се случило на денот кога починал нејзиниот сопруg.

Со Видоје редовно разговарав, вклучувајќи го и тој ден, и не забележав нешто необично во неговото однесување. Требаше да се видиме веќе следниот ден во Загреб. Имавме планови за летото и решавање на нашите тековни станбени проблеми“ – изјави водителката за хрватска „Глорија“.

Бидејќи со месеци свекорот Виктор Ристовиќ, алијас Миша Гроф, ја напаѓа и обвинува дека е виновна за смртта на Видоје, изнесувајќи ги семејните валкани алишта во јавноста, овој пат водителката возврати со иста мера и откри дека таа имала подобар однос со свекорот отколку неговиот покоен син.

 

Со него секогаш имав цивилизирани односи, во секој случај подобри од неговиот син. Поблиски односи не можевме ни да имаме, бидејќи Видоје и татко му не комуницираа и најчесто беа во расправија. Она што е апсолутна вистина, а мајката и многубројните пријатели на Видоје го знаат, е дека мојот сопруг го избегнуваше сопствениот татко, користејќи посебен влез во зградата за да не го сретне. Имаше разни конфликти и се обидов да бидам посредник, па се залагав за нивно помирување. Ова се случуваше во неколку наврати, но тие горе-долу постојано беа во конфликт – рече Пишек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e