Една од најуспешните светски актерки, Анџелина Џоли, и покрај нејзината убавина, хуманизам и активизам, изгледа сепак има и свои маани.
Имено, според кажувањата на нејзините соседи, никој не би посакал да има сосетка како Џоли.
Тие се пожалиле дека не можат да спијат ноќе и да седат нормално на своите тераси затоа што Анџелина наводно била многу гласна.
Таа, како што тврдат, честопати викала на своите деца, што ги тера соседите да бидат загрижени.
Покрај тоа, тие изјавиле дека актерката, наводно, често комуницира гласно со нејзините пријатели и дека тие честопати поминуваат време заедно во нејзиниот дом се до раните утрински часови.