Непознат маж цели 7 дена спиел во подрумот на Цеца Ражнатовиќ – морала да интервенира полицијата

Во куќата на Цеца Ражнатовиќ во Кипар е уапсен маж, кој бил пронајден како се крие во нејзиниот подрум и немал намера да излезе.

Кога дошла полицијата, тој повторувал дека е нејзин сопруг. Случајот го пријавиле соседи кои забележале дека непознат човек се шета низ дворот и потоа влегува во подрумот.

Тој се противел на апсењето и велел дека Цеца е негова жена. Оние кои го познаваат за полицијата посветочиле дека се работи за психички нестабилна личност која и претходно била апсена поради провалување и депортирана во Србија.

Сега против него се води кривична постапка за ова дело, а тој стои на ставот дека живее во таа куќа и дека е таен сопруг на пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e