Не пие кафе, не јаде месо и ретко се разболува – ова е тајната исхрана на Карлеуша

Еве како се храни Јелена Карлеуша и зошто нејзиното тело е топ затегнато?

Јелена Карлеуша е една од најатрактивните пејачки, а на нејзиното извајано тело и занесни облини и позавидуваат и најголемите светски ѕвезди. Сепак, совршеното тело не дојде само по себе, а познато е дека Јелена не јаде месо, и дека внимателно ги избира намирниците кои ќе ги внесе во своето тело.

Покрај тоа што е доследна на веганската исхрана, пејачката избегнува слатки, а истакнала и дека никогаш не пиела кафе.

– Никогаш не сум болна и верувам дека за тоа е заслужна исхраната без месо. Јадам многу овошје и зеленчук. Многумина ќе се изненадат, но јас никогаш не сум пиела кафе. Пијам три литри вода дневно, а слатко презирам. Сето тоа придонесува за мојата витка линија – изјави таа во една прилика за „Хит Информер“.

Пејачката во тешките периоди низ кои минувала посегнала по храната, па во еден момент имала вишок килограми, но за два месеци успеала да ослабе 10 килограми.

– Со години поради стрес претерував и се здебелив. Еден ден се разбудив и реков: „Доста е! Твоето тело не е канта за ѓубре.“ Побарав помош од нутриционист, кој ми ги поправи сите грешки и почнав да се хранам здраво. Сега често јадам посен зеленчук кој го обожавам, кисели краставички и подварок без месо. Со таква диета ослабев 10 килограми за два месеци – изјавила тогаш Јелена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e