Животот функционира на чудни и прекрасни начини – а понекогаш и вашиот пат се менува ненадејно и неочекувано.
Пред само неколку години, 23-годишната Мерцедес Валентин од Брајтон, студирала невронаука на универзитет, но оттогаш нејзиниот живот потполно се променил.
Таа сега го минува своето време креирајќи безобразни содржини за „OnlyFans“ и во тој процес собрала преку илјадници следбеници.
И додека Мерцедес на почетокот се пријавила на платформата за експлицитна содржина за „малку забава“, сега е тоа нејзина професија со полно работно време.
Иако студирала невронаука, се одлучила за малку поинаква кариера. Една од причините била и нејзината генетска состојба, наречена EDS (Ehlers-Danlos syndrome), што значи дека има многу флексибилни зглобови и растеглива и кревка кожа.
„Почнав пред околу 2 години – се забавував бидејќи работев во стриптиз клуб. За време на студирањето се занимавав и со танц на шипка и многу ми се допадна. Навистина функционираше во зајакнувањето на моето тело, бидејќи оваа борба започна кога имав 15 години. Танцот на шипка навистина ми помогна во сето тоа“, објаснила таа за „Дејли стар“.
За само 5 месеци заработила многу пари, за што признала дека е „лудо“. Сега, ја пронашла работата што ја сака – и е „многу посигурна“ во сопствената кожа. Исто така заработувала и во готовина, околу 80.000 фунти во добар месец.
„Не се каам за ништо. Моите родители се доктори и знаат што работам, само што татко ми не може да прифати дека работам како танчерка на шипка, па тоа го нарекува гимнастика на шипка“, изјавила Мерцедес.
Мислам дека на почетокот беа малку шокирани бидејќи не тргнав по патот што тие го замислуваа. Сестра ми е адвокатка, но нè поддржуваат и двете“, заклучила таа.