По животната драма која ја преживеа познатата српска пејачка Наташа Беквалац донесе одлука која ги изненади фановите.
Иако пејачката не бега од љубовта, таа вели дека сосема сигурно една работа повеќе во животот повторно никогаш нема да ја направи.
„Никогаш повеќе нема да бидам нечија жена официјално, сега воопшто не размислувам на тоа. Мајка сум на две девојчиња кои сама ги воспитувам и одгледувам, а во музиката сум професионалец. Околу овие две улоги имам многу работа. Верувам дека Бог има интересни планови за мојата иднина и подготвена сум за тоа“, изјави за српските медиуми Беквалац.