Наташа Беквалац со „ауди“ утрово – дел од сообраќајка во центарот на Белград

Српската поп-пејачка Наташа Беквалац утринава возејќи го своето „ауди” учествуваше во сообраќајна незгода во која се судри со теретно возило камион.

Незгодата се случила во 9:35 часот во центарот на Белград на аголот од улиците „Кнез Александар Караџорѓевиќ” и „Љутица Богдан”.
Од нејзиниот тим потврдија дека Беквалац за среќа поминала без ниту една повреда. Возела вуквално 10 километри на час кога налетал камионот кој со голема брзина удрил во нејзиното возило. Возачот на камионот веднаш ја признал вината и подготвен е да ги сноси последиците.
Медиумите пробаа да стапат во контакт со пејачката но таа се’ уште не е подготвена да дава какви било изјави бидејќи е во шок и е под стрес од денешниот немил настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e