Серијата наречена „Гризелда“ го прикажува реалниот живот на паметна и амбициозна колумбиска бизнисменка која го создала еден од најпрофитабилните нарко картели во историјата.
Серијата ќе се состои од шест епизоди од 50 минути.
„Гризелда Бланко беше лик поголем од животот, чија немилосрдна, но генијална тактика и дозволи да владее со империја вредна милијарди долари, години пред многу од најозлогласените машки кралеви за кои толку многу знаеме“, рече Вергара.
Претходно се шпекулирало дека серијата ќе биде верзија на популарната серија на Нетфликс „Наркос“. Но, според луѓето кои се вклучени во проектот, тоа е сосема посебна приказна и не е поврзана со таа серија.
Вергара и Луис Балагуер го развивале проектот осум години под името Latin World Entertainment пред да му го предадат на Нетфликс. Сепак, точно е дека на серијата работат неколку членови на креативниот тим на серијата „Наркос“.
Софија Вергара е најпозната по улогата на Глорија во хит серијата „Модерно семејство“, за која заработи четири номинации за Еми. Таа глуми и во филмовите Готвач, Мачете убива и Четири браќа.
Актерката е и член на жирито на America’s Got Talent.