Најлоши бакнежи кои се случиле во Холивуд: „Нејзиниот здив мирисаше на лук”

На актерите, меѓу другото, им плаќаат и за да се бакнуваат едни со други, но никој не знае низ што поминуваат холивудските актери притоа.

Кејт Хадсон


Ќерката на познатата актерка Голди Хоун го најде својот пат до успехот и стана многу позната. Некои од филмовите на Кејт ја ставија на „А листата“ на актери и освен пофалби, доби и многу награди. Но, кога го прашале Дејн Кук, познатиот актер и стенд ап комичар за неговиот најлош филмски бакнеж, не се мислел долго, и одговорил дека Кејт Хадсон е дефинитивно неговиот број 1. Тоа бил бакнежот во филмот „Девојката на мојот пријател“, а нејзиниот здив смрдел на лук.

Том Круз


Том Круз не е само акционен јунак, исто така има и нежна страна. Барем што се однесува до неговите филмови. Љубовните сцени во „Невозможна мисија“ со ѕвездата Тенди Њутн изгледале интензивно и страствено. Меѓутоа, според госпоѓа Њутон тоа искуство не било пријатно за неа. Исто така, рекла дека тие денови кога ги снимала сцените на бакнување си одела дома со жалење за тоа уште колку пати мора да го повтори тоа. После тоа, Њутон две години не снимила филм. Можеби некој не бил воодушевен од нејзиниот коментар…

Бред Пит


Мораме да нагласиме дека Кирстен Данст имала само 11 години кога се бакнала со популарниот актер во филмот „Интервју со вампирот“, а Бред бил дури 18 години постар од неа. Таа подоцна коментирала дека тој бакнеж бил одвратен. Исто така, тврдела дека тоа бил нејзиниот прв бакнеж на екранот, но и во реалниот живот. Да напоменеме дека Бред, кој моментално поминува низ тежок период во животот поради разводот од Анџелина Џоли, наводно не е луд за туширање, што веројатно доведува до разни мириси на неговото тело.

Анџелина Џоли


Анџелина Џоли, Џејмс Мекавој и Морган Фримен заедно глумеа во филмот „Wanted”. Филмот е полн со акција, но и со сцени со бакнување. Мекавој по бакнежот со Џоли рекол: „Па тоа беше првиот ден од снимањето, беше чудно, испотено и не многу убаво“. Но, и` дал комплимент на вториот бакнеж и рекол дека изгледа одлично. Наводно Бред на својата поранешна одбраничка и` подарил и ментол бонбони за Денот на вљубените поради лошиот здив.

Вуди Ален


Хелена Бонам Картер која глумеше заедно со Вуди Ален во филмот „Моќната Афродита“ не била пресреќна поради бакнувањето со Вуди, велејќи дека тој не се труди доволно и исто така дека за време на бакнувањето не доаѓа до размена на телесни течности, односно плунка. На Вуди сигурно не му било мило да го чуе тоа, со оглед на тоа што Хелена не е првата која го критикувала неговото бакнување. Кога 16-годишната Мариел Хемингвеј имала сцена на бакнување со Вуди изјавила „Не мораме повторно да го направиме тоа, нели?“

Харисон Форд


Како и во било кое друго работно окружување, важно е соработниците да се сложуваат. Иако Хелен Мирен го сака Харисон Форд, сепак ја прокоментирала неговата умешност за бакнување како многу лоша. Исто така, Хелен рекла дека многу колешки се сложуваат со неа и кога и да е тема на разговор Харисон Форд, неизбежно било да се спомене неговата лоша умешност. За среќа за господинот Форд, глумата не е дефинирана со уметноста на бакнувањето.

Џенифер Анистон


Алек Болдвин за својата колешка коментирал дека Џенифер Анистон има исклучителен здив на кафе. По сцената на бакнување со неа, го нарекол тој момент болен. Џејсон Бејтмен наводно ја запрел сцената на бакнување бидејќи здивот на кафе од устата на Анистон бил неподнослив.

Извор: Точка

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e