Милдред Киршенбаум во август полни 100 години, а смета дека зафатеноста, како одење во книжевен клуб и дружење, ќе ви го продолжат животот.
Милдред Киршенбаум е влијателна личност, таканаречена инфлуенсерка, на социјалните мрежи, која на „Instagram“ и „TikTok“ профилите на својата ќерка Гејл дава совети за животот, со својот изразен њујоршки акцент.
Гејл почнала да објавува видеа со животни совети од својата мајка, кога наполнила 99 година и од тогаш својот профил на „Instagram“ во целост го посветила на нивните разговори, откако снимките станале вирални.
„Таа е паметна и многу инспиративна“, смета Гејл.
Милдред во август ќе наполни 100 години, а и покрај тоа, како што вели, се уште вози, но е многу и одговорен и совесен возач. Се држи до ограничувањата и ги знае своите граници, кои не ги преминува.
Еден од советите кои Мидлред ги дала за долговечноста, има врска со тоа да бидете зафатени. Како што открила, таа оди во клуб каде игра разни друштвени игри како бриџ.
„Не сум сама. Времето не ми паѓа тешко. За вас сениорите, одете во центар за сениори, одете во книжевен клуб. Ако не играте бриџ или било која игра, одете на предавања. Има многу работи кои можете да ги правите, за да бидете зафатени. Тоа ќе ви го продолжи животот. Не дозволувајте времето да ви паѓа тешко. Уживајте во попладнето, уживајте во животот, уживајте во своите денови“, наведува Милдред.