Милица Тодоровиќ искеширала 20.000 евра за стан во населбата Вест 65 во Белград. Пејачката недвижнината од 60 квадрати ја платила 180.000 евра, а нејзини први соседи се колегите од Гранд, Милица Павловиќ и Стеван Анѓелковиќ, а во близина станови имаат и Новак Ѓоковиќ и Саша Ковачевиќ.
Пејачката не жалеше на пари и се поднови во голем стил. Станот има 60 квадрати, две соби, кујна, купатило и тераса со убав поглед. Метар квадратен чини 3.000 евра, а Милица беше воодушевена од населбата, па затоа по секоја цена сакаше баш тука да купи. Драго и е што Милица и Стеван и се соседи затоа што со нив и се дружи, открил близок извор до пејачката.
Инаку, несудениот девер Саша Ковачевиќ ја убедил да купи стан во оваа населба. Тој исто така тука живее, а има и ресторан.