Меси се соочува со парична казна до 60 илјади евра за организирање на тимска вечера

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси може да биде казнет за кршење на мерките за коронавирус, објави денешното издание на шпански „АС“.

На 3 мај, Аргентинецот организираше тимска вечера за собирање на соиграчите пред претстојниот натпревар на шпанското првенство против Атлетико Мадрид.

Фудбалерот се соочува со казна од 3 до 60 илјади евра. Во Каталонија има ограничување за собирање најмногу до шест лица во една просторија. Ова мерка е до 8 мај. Забележано е дека на вечерата во куќата на Меси имало околу 50 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e