МЕГА СТОРИЈА: Се што не сте знаеле за љубовниот живот на Авичи

Поминуваат денови и недели, а фановите не можат да се помират со прераната смрт на нивниот омилен музичар. Несомнено болката е најголема кај блиските, меѓу кои е и неговата партнерка.

A-1235958-1435764776-3419.jpeg

Мега популарниот светски ди џеј Авичи бил во врска со чешкиот модел Тереза Качерова која објави писмо на социјалните мрежи во кое директно се обрќа на својот, веќе починат партнер, Тим Берглинг.
„Јас секогаш се трудев нашата врска да ја сочувам во тајност бидејќи сакав тие чувства да бидат чисти и да бидат само и единствено НАШИ. Но, сметав дека можеби ќе објавам дека сме во врска тогаш кога ќе бидам бремена со нашето со Тим дете.“ – напиша Тереза.
Од оваа објава станува јасно дека Авичи имал дете, но не биолошко. Тој бил очув за детето на својата девојка кое се вика Лука. Информациите се потврдени од фотографиите објавени на профилот на Тереза.

Ова можеби е најслатката фотографија од Авичи и Лука!

avici2-830x0

387f234c-659a-4c15-90a1-6eb68a877b70

Еве дел од писмото кое го објави Тереза:
Драг Тим,
Ги поминав изминативе денови чекајќи да се разбудам, чекајќи некој да ми каже дека ова е некаква одвратна шега, некаква ужасна грешка. Мислам дека конечно се помирувам и сега навистина никогаш повеќе нема да те видам.
Денот кога почина, отидов во твојата куќа за да те почувствувам околу мене. Лежев под тушот долго време и кога излегов и се свртив кон спалната, ти не ме чекаше. Не седеше во средината потпрен на таа ужасна сива перница. Легнав и ги немав твоите гради под моето лице и не можев да ти наредам да ме галиш по грбот непрекинато и подобро.
Ти кажував дека Лука нема да се сеќава на живот без тебе. Сега се надевам дека тој ќе го памти неговиот живот СО тебе. Јас ќе бидам таму да го потсетувам. Ќе му покажувам видеа во кои постојано те повикува.
Последниот пат кога те видов, ми ја врати книгата „Лолита“ затоа што ќе ѝ ја давав на Маја и знаев дека никогаш нема да ја прочиташ. Ти инсистираше дека ќе ја прочиташ… и сега никогаш нема да ја прочиташ… Како што и никогаш нема да му читаш чешки книги на Лука за јас и тој да ти се смееме на изговорот. Како што и никогаш нема да те слушнам како свириш на пијано пред да влезам во куќата и никогаш повторно нема да ја прекинеш музиката за да станеш и да ме бакне за „здраво“.
Секогаш кога ќе помислам на нешто кое нема да го завршиме, чувствувам физичка болка во моето срце. Никогаш не завршив да те убедувам дека името на нашата ќерка МОРА да биде Серафина. Ти никогаш не ја доврши тетоважата на раката во која на подлактицата ќе имаше лице кое случајно ќе наликуваше на моето.
Единственото нешто поубаво од твоите раце беше твојата душа. Срцето ме боли што знам дека никогаш повеќе нема да го почувствувам твојот допир, никогаш нема да те слушнам како се смееш, никогаш нема да ја видам твојата рака испреплетена со мојата непосредно откако ќе ги отворам очите. Никогаш повеќе нема да ја бакнам таа убава уста.
Ќе ми недостига да ја гледам твојата љубов за Лука.
Те нарекував ангел-бебе. Не можев да знам колку брзо ќе станеш тоа.
Последните зборови кои ми ги кажа беа „Те сакам“…
ПОЧИВАЈ ВО МИР, ТИН. Обиди се поскоро да се вратиш на Земјата за повторно да можете да си играте со Лука.

20180421133944

Освен со чешкиот модел пред 4 години Авичи бил во врска со моделката и блогерка, Ракел Наташа Бетенкоурт којa има 30 години. Кога се дозна за смртта на ди џејот таа постираше неколку заеднички фотографии и трогателна порака. Со Ракел биле во врска од 2013-та година, а врската траела околу една година. Многумина блиски до музичарот сметаа дека Авичи започнал да пие токму поради оваа девојка.

rakel2-830x0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e