МЕГА СТОРИЈА: Се што не сте знаеле за Авичи – Биографија, причина за смртта…

На 20-ти април светот беше затекнат од веста за прераната смрт за еден од најуспешните и познати ди џеи во светот Тим Берглинг познат под уметничкото име Авичи.

Шведскиот музички продуцент почина на 28-годишна возраст во Оман. Како што се дозна подоцна тој таму работел на својот нов музички проект. За смртта на социјалните мрежи извести неговата агентка Диана Барон.

NOF4j

Вистинската причина за смртта била идентификувана 10 дена подоцна. За тоа време се шпекулираше со разни претпоставки и досетки. Но, за жал, се докажа дека Авичи се самоубил.

„Тој дефинитивно се бореше со мислите за смислата на животот, среќата. Тој повеќе не можеше да продолжи.“ – открија родителите на Авичи.

Психолошката состојба на Тим пред смртта била напрегната, со оглед на тоа дека трагедијата се случи неколку дена пред музичката манифестација „Billboard Music Award“ каде беше номиниран за најдобар албум со насловот”Avicii (01)”.

Родителите со коментари излегоа за пократко до една недела по неговата смрт.

„Нашиот Тим беше кроток со кршлива уметничка душа, се стремеше да ги најде одговорите на егзистенцијалните прашања. Тој беше перфекционист и работеше во бесен ритам кој го доведе до стрес. Кога престана да оди по турнеи Тим сакаше да започне хармоничен живот што беше речиси невозможно за да се создава музика. Тој се бореше со мислите за живото и среќата. Тим не беше роден за машината на светскиот бизнис која го проголта. Ги сакаше своите фанови, но не сакаше внимание.“ – појаснија родителите на ди џејот.

Причината за смртта по мислењето на фановите е премореност, а за тоа виновни се менаџерите, сметаат тие.

Сметајќи дека Авичи не сакал да настапува на турнеи неговите менаџери настојуваа на тоа.

Во 2017-та година излезе документарен филм за Авичи во кој тој изјавил една фраза на која фановите упорно се повикуваат. Таа гласи вака:

„Ви велев дека ќе умрам. Тоа толку многу пати ви го имам кажано. И не сакав да сушам дека треба да бидам задоволен со помислата за својот следен концерт.“

ФАКТИ ЗА АВИЧИ

1

  • Своето уметничко име го зел кога не можел да се регистрира во една социјална мрежа под вистинското име бидејќи веќе било зафатено. Во превод од древниот литературен јазик на Индија, Авичи, означува најдлабката црна дупка каде паѓаат престапниците и повторно се раѓаат.
  • Стана еден до првите кои започнаа да патуваат по светот како диџеи на денс-електро музика.
  • Авичи е еден од најпопуларните и успешните продуценти на електронска музика. Редовно вадеше хитови и влегуваше во најплатената „петорка“ на светски диџеи. Годишниот приход на Авичи изнесуваше 20 милиони долари.
  • Авичи беше едноставно момче без страст за слава, затоа и бил многу хуман. Хуманата страна на Авичи: Дури по смртта откриено дека донирал милиони долари
  • Мајка на Авичи е популарна актерка Анки Лиден позната во Шведска по улогите во детективскиот сериал  „Валандер“, „Инспекторот Винтер“ и „Модус“.
  • Тим беше прв музичар на кој му успеа да стане хедлајнер во најпрестижната концертна сала во Њујорк Radio City Music Hall во 2012 году, шест години пред смртта.
  • Учествувал во создавањето на официјалната химна на Евровизија 2013-та. Тогаш работеше заедно со создавачите на популарната група АББА.
  • Во Велика Британија стана особено популарен со песната Wake Me Up. Композицијата влегуваше во првиот албум на диџејот и останува на осмото место по симнување на албумот.
  • Авичи три пати беше номиниран за наградата Grammy.
  • Во 2016-та година Тим се откажа од настапите. Причина за тоа беше здравјето. Четири години пред да се повлече Тим мина низ 2 операции на органите на системот за варење, а отстрането му е и жолчното кесе. Долги години страдаше од панкреатитит.
  • Повеќе за интимниот живот на славниот ди џеј и за неговите љубовни авантури во следниот  дел од сторијата на IPortal.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e