Неговиот најнов филм “Тишина” за прогонството на христијаните во Јапонија треба да излезе на екран кон крајот на годината.
Американскиот режисер Мартин Скорсезе и латвиски виолинист Гидо Кремер беа меѓу петмината светски уметници, удостоени со престижната императорски награда, што секоја година се врачува од Јапонската асоцијација за уметност, пренесе Ројтерс.
Принцот Хитачи им ја врачи наградата повикајќи ги на свечена церемонија во Токио, а премиерот Шинзо Абе се појави на екран, за да ги поздрави наградените.
Меѓу нив оваа година фигурира и американската фотографка Синди Шерман, француската скулпторка Анет Месаже и бразилскиот архитект Пауло Мендес да Рошан.
Наградите, се востановени во 1989 година, и се доделуваат на творци, кои дале придонес во развојот на светската уметност во областа на скулптурата, сликарството, музиката, филмот, театарот и архитектурата.
За поврзани вести продолжете надолу