Марија Шерифовиќ проговори за љубовниот живот

Пејачката Марија Шерифовиќ ретко во јавноста говори за својот емотивен живот, а сега конечно прозборе за темата за која не зборува често.

Марија за една српска емисија ја отвори душата и многумина ги изненади изјавата во која признава дека со години живее без љубов.
Пејачката открила дека поради своите избори до сега никого не преставила во јавноста.

– Никој се уште не беше интересен, да не кажам вреден, за да биде преставен, а од друга страна мој е изборот зошто до сега никој не бил преставен во јавноста, така да нема потреба за тие работи.

Само пишувајте. Тука веќе неколку години ништо не се случува на љубовно поле и супер ми е. Фантастично живеам и без љубов, порачала пејачката пред камерите.

Марија потоа прозборела и за патувањата во Америка.

– Во Калифорнија одам со години, бидејќи таму можам да живеам сосема обичен живот во кој нема јавен живот, рекла Марија за „Премиера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e