Поранешниот професионален боксер и светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон на својот ранч во Калифорнија ги одгледува сите видови на марихуана.
Тајсон бизнисот го разви во држава во која употребата на оваа дрога е легална. Му помага пријател и деловен партнер, поранешен играч на НФЛ, Ебен Бритон.
Мајк не само што ја произведува, туку и ја конзумира марихуаната. Тој за својата „роба“ вели дека е одлична и тврди дека месечно пуши марихуана во вредност од 40.000 американски долари.