Мајк Тајсон обвинет за силување

Боксерот Мајк Тајсон повторно се соочува со обвиненија за силување.

Жената која го обвинува за ова дело тврди дека популарниот боксер ја нападнал во текот на раните 90-ти години.

Како што пишува во тужбата која е поднесена во Њујорк, боксерот ја силувал во лимузина откако го запознала во ноќниот клуб „Албани“, а потоа патела од „физички, психички и емоционални повреди“. Таа бара отштета од 5 милиони долари.

Ова обвинение се поклопува со обвинението на Дезири Вашингтон која кажа дека Тајсон ја силувал во Индијанаполис.

„Тајсон веднаш почна да ме допира и се обиде да ме бакне. Неколку пати му кажав „не“ и го замолив да престане, но тој продолжи да ме напаѓа. Потоа ми ги соблече панталоните и ме силуваше“, раскажала таа за „Daily Mail“ и додала дека сака да остане анонимна за да нема проблеми.

Како што адвокатот Дарен Сеилбек истакнал, ниту самиот не ѝ верувал на почетокот на оваа жена, но кога ги истражил нејзините наводи увидел дека се веродостојни.

Пораката била испратена и до агенцијата која ја застапувал Тајсон, па се очекува одговор во наредните неколку денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e