Луна Џогани целосно го загрозила своето здравје поради лошите животни навики, што морала да биде итно згрижена во болница, откако неколкупати се онесвестила.
Според резултатите од анализите, доколку итно не почне да се грижи за себе, ризикува да заболи од дијабетес и други нарушувања на метаболизмот.
Ова се последици на стресовите кои ги доживуваше во текот на нејзините учества во реалните шоуа, но и напорната работа на нејзиниот прв албум. Таа забележала дека накачила неколку килограми, но ситуацијата станала алармантна по несвестиците.
По анализата се констатирани полицистични јајници, покачен шеќер во крвта, слабокрвност… Со тироидната жлезда, за среќа, сè е во ред. Ваквата состојба се контролира со помош на здрава исхрана, но и со соодветна терапија.