Луна Џогани ќе стане пејачка, му искеширала 20 илјади евра на Дарко Димитров за хит

Луна Џогани наскоро ќе излезе од реалното шоу „Задруга 2“, а како што се наведува, нема да има време да се одмори затоа што веднаш ќе влезе во студио за да сними песна која што за неа ја избрала Анабела Атијас.

Таа наводно го ангажирала нашиот Дарко Димитров, кој инаку во голема мера е заслужен за успехот на Анастасија Ражнатовиќ и искеширала дури 20 илјади евра за три песни.
Луна победуваше на сите „Задруговизии“, а од членовите на жирито воглавно добиваше пофалби на сметка на пеењето, но и сценскиот настап. Многумина констатираа дека Луна има слух, па затоа Анабела одлучи дека е вистинско време ќерка и да тргне по нејзините стапки и да вплови во музичките води, открил извор за српски „Свет“ и додал дека Атијас веднаш се фрлила на барање соработници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e