Љубовна афера го тресе светот: Tој е поранешен шеф на Гугл на 70 години, а таа е 27-годишна манекенка

Според германскиот Билд, Ерик Шмит и Глорија Софи Буркхард за прв пат биле видени заедно на Светскиот економски форум во Давос, но извор за Њујорк пост тврди дека нивната врска е од пријателска природа.

„Ова е само пријателство, а не врска“, вели тој. Сепак, Билд пишува поинаку, наведувајќи дека, сепак, станува збор за потенцијална љубовна врска.

„Која е жената во која Ерик Шмит (70) се заљубил“, гласи насловот на Билд, а пренесува Њујорк пост.

„Глорија Софи Буркхард, ќерка на баварскиот премиер Маркус Зедер, е повеќе од пријателка на поранешниот извршен директор на Гугл“, пишува Билд, додавајќи: „Таа има импресивно минато како економист, модел и автор“.

Исто така, се додава дека Буркхард живее помеѓу Њујорк – Лос Анџелес – Германија. Таа се движи во елитни кругови, а студиите по бизнис администрација и економија ги завршила, а потоа магистрирала по бизнис администрација.

Глорија беше претставена и во „Вог“ за турскиот пазар, а во декември 2022 година, таа откри во статија за „Тин Вог“ дека доживеала сексуален напад кога имала само 18 години.

Ерик е во брак со Венди Шмит повеќе од четири децении.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e