Лила: Секој има своја борба, биди љубезен – барем тоа е бесплатно!

Никој не знаеше дека нашата популарна водителка Лила Филиповска води битка со подмолната болест… никој, освен најблиските. Таа повеќе од една година молчеше дека ѝ е дијагностициран канцер на дојка, за што првпат проговори во ексклузивното интервју за „Убавина и здравје“. Па, како успеа да функционира како ништо да не се случува?

Уште на почеток одлучив дека нема да зборувам за болеста и дека нема да кажувам на никого, освен на најблиските. Тоа беше моја одлука. Ми требаше мир. Немав сила да зборувам за тоа додека ми трае лекувањето. Затоа, продолжив да живеам и да работам како ништо да не се случува. Признавам, воопшто не беше лесно, но Бог ми даде неверојатна сила за која не бев ни свесна дека ја поседувам. Секако, непресушна енергија ми беа и љубовта на син ми, сестра ми, брат ми, мајка ми и моите прекрасни пријатели, раскажува водителката на „Сè или нешто“, која им е инспирација на голем број жени што се соочиле или се соочуваат со подмолната болест.
Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници од оваа битка, открива Лила, која извојува победа и над овој предизвик во животот.
Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа.


View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e