Познатата македонска водителка Лила Филиповска е ограбена. Од извори блиски до редакцијата на 1TV, дознаваме дека крадец влегол насилно во нејзиниот дом во населбата Чаир и одземал дел од нејзиниот вреден накит.
Моментално службите на МВР вршат увид на местото. За повеќе детали ја контактиравме Лила Филиповска, која ни ја потврди информација дека нејзиниот дом е ограбен.
– Да, навистина сум ограбена. Засега не можам да ви откријам повеќе детали бидејќи полицијата во моментов врши увид, беше кратката изјава на познатата водителка.
Инаку во моментот кога бил грабежот Лила вели дека домот бил празен.