Вчера на Економскиот факултет во Прилеп, се одржа четвртиот настан од акцијата Feed Your Brain, каде свој мотивационен говор на тема „Биди најдобрата верзија од себе“ имаше Лила Филиповска.
Лила Филиповска нашето најпрепознатливо ТВ лице кое публиката обожава да го гледа во секое издание говореше за сопствените подеми и падови во последниве дваесетина години. Таа пред 400-тини студенти несебично ги сподели своите совети за градење на дведецениска кариера во земјава.