Граѓаните на Лесковац почнаа кампања за собирање пари за да и платат на Јелена Карлеуша да не пее на овогодинешната Роштилијада.
Градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ, попознат како Фараон, најави дека Карлеуша ќе ја отвори 32-та Роштилијада со настап од 20.000 евра.
Ова не им се допадна на многумина лесковчани, па Движењето за Лесковац покрена иницијатива заедно со граѓаните да собере хонорар и да и понуди на Карлеуша да не пее на манифестацијата која е заштитен знак на Лесковац.
Од ова движење посочуваат дека Роштиљадата мора да изгледа поинаку, поквалитетно и покултурно во сите сегменти, вклучително и во изборот на изведувачите. Затоа, започна кампања за собирање средства за да не настапи Карлеуша на отворањето на Роштилијадата на 22 август.
„Покренуваме кампања за пронаоѓање на 20.000 лесковци кои се спремни да дадат по едно, две, три или повеќе евра (до службената такса за настапот, па дури и повеќе, доколку треба) за да се соберат доволно средства за хонорарот што ќе и го понудиме за да не пее во центарот на нашиот град“, се наведува во соопштението на движењето.
Додаваат и дека сите собрани пари, доколку Карлеуша одбие да ги земе, во договор со Лесковци ќе бидат исплатени во хуманитарни цели.