Лепа Брена ги откажа концертите: Оставете ме во тишина да тагувам

– Од почит кон жртвите и семејствата на повредените деца во Белград, моите настапи во Германија ги откажувам. Наскоро ќе бидат објавени новите датуми. Тоа е најмалку што можам да направиме во овој тежок, трагичен момент. Уште еднаш, најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Сега оставете ме во тишина да тагувам, вели мега-ѕвездата Лепа Брена, која никако не може да се помири со тоа каква несреќа се случува.

Додава дека е згрозена, вчудовидена и никако не ѝ е јасно, како е можно детето од финансиски богато семејство да направи таков ужасен крвав пир.
– Што треба да речат оние кутри деца кои трпат за леб, трпат за одмор на море, трпат за нови патики, нови панталони, за нов мобилен… не знам и не можам да си објаснам? Многу сум гневна, разочарана, избезумена. Страшно е ова, езиво, убиените деца не можеме да ги вратиме. Не сакам ни да мислам како им е сега на мајките, на родителите…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e