Американскиот глумец Леонардо ди Каприо повика во Париз за акција против глобалното затоплување заедно со францускиот министер за животна средина Сеголен Ројал и градоначалникот на француската престолнина Ан Идалго.
“Времето притиска и Земјата очајно има потреба од нашата помош”, рече актерот во театрите де Шатле во Париз, каде што беше за премиерата на филмот “Before the Flood” / Пред потопот / Во оваа документарна лента на режисерот Фишер Стивенс, актерот и режисер имаче средба со гледачите со експерти и политичари во потрага по решение за проблемите поврзани со промените на климата на Земјата.
“Реализацијата на овој филм ме однесе, заедно со режисерот Фишер Стивенс на едно неверојатно тригодишно патување во четирите страни на светот, за да собереме докази за опустошувачките последици од климатските промени и да поставиме прашањето за можностите на човештвото да го реши овој проблем, кој може да е катастрофален пред кој сме сите ние “, рече тој.
Ди Каприо изрази задоволство од тоа што речиси 200 земји склучиле во декември 2015 година договор за намалување на емисиите на штетни гасови, што според него не само што ќе се подобри животната средина, но и ќе “не однесе во еден поодржлив 21 век”.
За поврзани вести продолжете надолу