Леонардо Ди Kаприо фрли око на Џиџи Хадид

Откако ја прекина четиригодишната врска со 25-годишниот модел Камила Мороне, на интернет почнаа да кружат гласини дека популарниот холивудски актер Леонардо ди Каприо (47) се гледа со 27-годишната манекенка Џиџи Хадид.

– Лео е фокусиран на Џиџи, но таа досега не покажала никаков интерес за него. Тие се пријатели и Џиџи не сака ништо романтично со него, рекол близок извор, пишува Дејли Мејл.

InTouch минатата недела објави дека Лео и Џиџи завршиле заедно неколку пати ова лето, но никој не ги потврди или негираше наводите.

– Се познаваат неколку години. Тие се многу привлечени еден кон друг. Таа е токму негов тип: убава, но скромна, изјавил друг извор.

Според странските медиуми, во последните неколку години двајцата се движеле во прилично слични социјални кругови, а уште во декември 2019 година, американски весник објави дека Лео и Џиџи се забавувале заедно на Арт Базел Мајами после забава заедно со Кендал Џенер и сестрата на Џиџи, Бела, Хадид.

Леонардо ја раскина врската со Камила неодамна и веќе е „фатен“ со својата нова девојка, Украинката Марија Берегова (22). Девојката очекувано е помлада и беше во брак со Ахмед Масуд Абделхафиде (30). Инаку, таа е внука на министерот за внатрешни работи и лојална слуга на Моамер Гадафи.

Џиџи Хадид на крајот на минатата година ја прекина врската со пејачот Зејн Малик, а заедно ја имаат едногодишната ќерка Кај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e