Македоскиот пејач Адам Лабунски и неговата свршеница Јелена станаа родители на нивното прво заедничко дете – ќерката Хана.
Лабунски, кој ѝ стана познат на регионалната јавност по учествата на музичките шоуа „Ѕвездите на Пинк“ и „Ѕвездите на Гранд“, ја сподели среќната вест на социјалните мрежи.
Среќните родители веќе почнаа да добиваат честитки за приновата.
„Ѝ посакувам добредојде на принцезата Хана“, „Мојата кума стана мајка. Се роди Хана! Адам и Јелена, ве сакам. Да ви е жива и здрава!“, „Се роди теткината љубов. Добредојде Хана“, гласат дел од честитките од страна на членови на семејството.