Кристина Агилера: Мојот најголем успех е што станав мајка

Кристина Агилера постигна многу успеси во текот на нејзината кариера, но ниту еден од нив не може да се спореди со фактот дека создаде семејство.

Така пејачката, иако има само 43 години веќе е подготвена да пресмета што постигнала.

Нејзината ќерка Самер го слави својот деветти роденден, а Кристина им даде до знаење на сите колку е среќна.

“Денес размислувам колку брзо помина времето. Овие девет години беа исполнети со безгранична љубов, топли прегратки. Останувавме до доцна, со авантурите на Дизни. Неодамна беше на сцената со мене”, напиша Агилера под интересна фотографија од сцената..

„Секој ден му благодарам на универзумот што ми ја даде привилегијата да бидам твоја мајка. Таа улога е моето ултимативно и најголемо достигнување“, напиша Агилера.

Агилера ја дели Самер со вереникот Мет Рутлер , а има и 15-годишен син Макс со нејзиниот поранешен сопруг, музичкиот продуцент Џордан Братман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e